Подготовка
На почеток во големо тенџере ги зовираме оцетот, зејтинот, водата, солта, шеќерот, лукот и магданосот ситно исецкан.
На пиперчињата им го одстрануваме дршките (јас не идам до крај оставам малку да има за што да се фатат)и ги миеме убаво.
Откако водата ќе зоврие ги додаваме пиперчињата и тргаме на страна.
После еден час пиперчињата ги собираме во тегли им сипуваме од течноста и ги затвараме убаво. Вака стокмените пиперчиња ги конзервираме во шерпа полна со вода да повријат десетина минути.
Добар апетит!!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани