Испечати

Барени лути пиперчиња

Барени лути пиперчиња

Состојки

  • течност за барење
  • 1л. јаболков оцет
  • 3л. вода
  • 100мл. зејтин
  • 300гр. шеќер
  • 250гр. сол
  • 10 чешниња лук
  • 1 врзло магданос
  • 4 кила лути или благи шарени пиперчиња

Подготовка

Подготовка
На почеток во големо тенџере ги зовираме оцетот, зејтинот, водата, солта, шеќерот, лукот и магданосот ситно исецкан.
На пиперчињата им го одстрануваме дршките (јас не идам до крај оставам малку да има за што да се фатат)и ги миеме убаво.
Откако водата ќе зоврие ги додаваме пиперчињата и тргаме на страна.
После еден час пиперчињата ги собираме во тегли им сипуваме од течноста и ги затвараме убаво. Вака стокмените пиперчиња ги конзервираме во шерпа полна со вода да повријат десетина минути.
Добар апетит!!!