12
мај
2022
Банана леб
Миризлив, вкусен, влажен колач со банани.
1. Одберете 3 големи банани, ако се помали и четири. Најубаво е ако се зрели, со кафеави дамки на кората. Испасирајте ги.
2. Во нив додајте ги јајцата, медот и стопениот путер и измешајте убаво.
3. Потоа додајте ги и другите состојки и убаво измешајте. Смесата ставете ја во долг калап за леб, прекриен со хартија. Горе наредете ја исечканата банана.
4. Печете во загреана рерна на 180 степени отприлика 1 час. Секако пред тоа време проверете со сува чепкалка дали е испечено.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови