Фил
1. Се матат јајцата со шеќерот и ванилата и во нив се додаваат сите останати состојки-гризот, оревите, кората

Подготовка
1. Се зема еден лист од корите и се попрскува со 1-2 лажици масло за јадење и со малку сечкани ореви
2. Врз истиот лист се става уште еден лист кој се попрскува со масло за јадење и се става на едната страна од филот низ целата должина на кората
3. Се витка во ролат и се реди во плех од рерна
4. Постапката се повторува со сите кори
5. Со она малку масло за јадење што ќе остане од она со кое се попрскуваат корите, се полева врз ролатите и се пече

Шербет
1. Водата и шеќерот се варат во шербет, да врие 5-6 мин и се трга од огин
2. Се додава ванилата
3. Се попаруваат ролатите
4. Се става кругови лимон врз ролатите

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани