Една убава лесна закуска, добро мезе за узо, ракија....
Името го добило по долгнавестиот лик на доматот - јазик ,но зошто е бабин,е тоа не знам...
За подготовка на овој рецепт, можете да користите пржени или модри патлиџани подготвени на скара.
Добро се мијат модрите патлиџани и се оставаат да отстојат во вода разматена со сода.
Исплакнете и  со помош на машинка за сувомесно исечете еднакви парчиња, по должина.
Посолете ги.
Ако ги подготвувате на скара, редете веднаш, а ако пржите, загрејте го маслото и ставајте да се пржат.
Впиваат многу масло.
Пржените парчиња редете ги на кујнска хартија да го впие маслото.

Подгответе ја салцата со тоа што морковот ќе го обарите и испасирате.
Во садот каде пржевте ставете да се запржи кромидот и лукот.
Доматот ќе го изрендате и пропржете го во истото масло.
Додајте ги ситно исецканите пиперки и промешајте.
Зачинете со сол, бибер и мешан сув зеленчук и пред крајот ставете 1 лажица сенф.
Редете ред домат, ред салца.
Можете да ставите многу свеж магдонос, а при декорацијата да попрскате ситно сецкан лук.
На здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови