Покрај тоа што е прекрасно, нежно и декоративно цвеке кое долго време цвета, сигурно ви е познато дека Латинката или некаде како што ја нарекуваат - Драгољуб - спаѓа во групата на цвеќе кое може да се користи и во кујната.
Салатата каде што е присутна Латинката најчесто ја нарекуваат Кардиналска, салата на здравјето и младоста, а повеста вели дека монасите први ја имаат воведено во кујната. Има една прекрасна пикантна салата која се спрема така што соодносот на исецканиот цвет и лист од Латинката измешан со сецкан зелен лук во иста количина, овкусено со сол, зејтин и оцет или залиена само со павлака наместо оцет... е пре-прекрасна иако е со чуден некој вкус, но сепак пријатен. Едрите зелени семиња ако се маринираат - солидна замена се за Капресите. Се користи и во супите, салатите, пирето, маринати.
Освен коренот, од латинката се користи се - стеблото, листовите, цветот и зрната. Листовите може да се сушат, Богата е со јодни соли, калиум, фосфор, провитамин А, витамините С, В1, В2. В Латинката содржи растителни антибиотици, затоа салатата од неа е подобна при заболување на грип,на дишните патишта и белите дробови.
- Сакајки да се запознаам со доборобитта на ова цвеќе јас научив многу за него.
Сега за сега одлучив да ви го представам ароматизираниот оцет со цветот.
 
- Една рака од цветот залијте со оцет од јаболка, додадете малку лук, зрна од бибер и каранфилче. Добро затворете и оставете нека стои на ладно и темно место.
Користете го во салати, за ароматизирање на сосови за месо.
Со овој рецепт сакам да ви ја разбудам љубопитноста.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани