9
фев
2016
Арапска араванија
Пандишпан
1. Јајцата треба да бидат на собна температура.
2.Јајцата во длабок сад се матат заедно со шеќерот и ванилата, убаво да се изматат.
3.Се додаваат маслото и млекото, убаво се промешува.
4.Во друг сад се ставаат брашното, гризот, пецивото, циметот и какаото, убаво се промешуваат и бавно се додаваат во длабокиот сад.
5.Во целата смеса се додава сувото грозје и оревите.
6.Приготвената смеса се пече во тавичка број 30.
Шербет
1.Во касерола се ставаат шеќерот и водата.
2. Се вари 10 минути од кога ќе започне да врие.
3. Араванијата треба да биде ладна, а шербетот топол.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови