28
мар
2014
Араванија со шербет
Ова е навистина брз и вкусен десерт.
Во длабок сад ги матиме јајцата и шеќерот. Потоа постепено ги додаваме гризот, брашното, пецивото и ванилата. Матиме уште 6-7 мин и смесата ја истураме во подмачкана тава.
Тавата ја ставаме во загреана рерна на 200 степени.
Печеме околу 20 мин.
За шербетот, се вари водата со шеќерот додека не зоврие.
За да бидете сигурни кога араванијата е печена можете да проверите со чепкалка. Испечената и ладна араванија ја полеваме со топол шербет..........ДОБАР АПЕТИТ!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови