Англиски ручек
Месото се сече на коцки и се вари.
Откако ќе се свари месото се трга на страна, се оделува месото од водата.
Кромидот, морковот и печурките се сечкаат на коцки и се пржат заедно со месото околу 8-10 мин и цело време се меша. Потоа се додава брашното и се меша уште 1 минута.
Потоа се додава водата од месото, со и црн пипери мешајте сеуште додека смесата не стане погуста. Смесата префрлете ја во огноотпрен сад (или во некоја друг подлабок сад за печење)и ставете го рерна да се пече на 190 с.25-30 мин.
Во меѓувреме згответе ги излупрените компири и нека се варат 20 мин.
Одкако ќе се сварат копирите се приготвува пирето, се додава путерот и млекото.
Откако ќе се испече се вади од рерната и се додава пирето над месото, а над пирето се ренда кашкавалот. Се враќа во рерна и се пече на 200с.15 до 20 мин.
Јадењето е превкусно пробајте
ДОБАР АПЕТИТ
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови