Амор торта
Се печат 4 кори
4 белки се матат во цврст снег, им се додава шеќерот и се мати додека се добие убава цврста смеса. Се додава брашното и пецивото и се пече кора на хартија за печење околу 20 минути на 180. Во 2 кори се додава и по 50гр чоколада рендана.
Фил основен
Во 1 литар млеко се додава шеќерот и се става на оган да зоврие. Брашното се мати со жолчките и се вари густ крем. Кремот се остава убаво да се олади и кон него се додава пенасто изматениот маргарин.
Добиениот фил се дели на пола и во 1 дел се додаваат лешниците, оревите и кремот и убаво се соединува.
Во 2 дел се додаваат бананчињата сецкани, сецканите ресани и кокосот.
Се става 1 кора па 1 фил
2 кора со чоколада-2 фил
3 кора -1 фил
4 кора(со чоколада)-2 фил
Најгоре тортата се декорира со шлаг.