Попуфкави и посочни американски палачинки до сега не сум направила. И начинот на подготовка е интересен и лесен. Нормално дека е лесен, јас не сум од тие што многу ц`цкаат работи по кујна. Мати - печи - дај да јадеме :D
Сум правела многу рецепти, овој ми беше хит едно време, ама ќе си ги менувам овие два за да не ми здосадат.

Тестото е меко, сочно, може да се користи и за мини тортички.

Подготовката е лесна.
Сите состојки освен белките ставате ги во еден сад. Матете убаво со миксер да се соедини смесата, да нема грутчиња.
Белките во друг сад изматете ги во густ шам.
Додадете ги белките, но не матете со миксер, матете полека со шпатула или дрвена лажица. Ова се прави за смесата да биде повоздушеста. Не треба да го прескоскнувате овој дел. Да знам, полесно ќе беше да ја пикневме и со миксер да ѝ се стаевме на смесата, сум правела и такви гревови, ама ефектот со мешање рачно на белката е супер.

Тавчето/тенџерчето во кое што ќе приготвувате треба да има капак. Ставете го на тивко да се загрева. Кај нас 2-3 од 6.
Можете да приготвувате во две тавчиња во исто време.
Јас користев вок тава на делимано и стоун леџнд округлата тава со капак.
Немаше потреба да ги намастувам со масло или со путер, не лепат воопшто.

Сипете од смесата во тавчето, големина на палачинка по ваша желба, поклопете и оставете 5-6 минутки да се пече така.
При проверка бидете многу внимателни, водата од капакот да не истече врз палачинката.
Палачинката е готова кога горната површина е сува и цврста на допир. Нема потреба да ја превртувате и печете од другата страна.
Времето потребно да се испечат ви дава можност да работите со две тавчиња во исто време

Толку.

Важно:
- Доколку користите путер, обавезно растопете го и во тој случај користете толпло млеко. Ладното млеко може да го олади и стегне путерот, да не се разнесе низ смесата убаво. Путерот дава феноменален шмек на палачинките.
- Доколку користите масло за јадење, млекото може да биде и ладно.
- Во оргиналниот рецепт немаше шеќер и ванилин шеќер, но совршено се совпаднаа.
- На фотографијата премачкани се со крем, прелеани со растопено чоколадо со масло (во ѓезве на 1 од 6, се растопува со мешање) и наросени со крокант од лешници. За сликање тоа. Делот што не беше за сликање, шеќерпарињава го јадеа и без мачкање :D.
Немаат време за аматеризми, професионалци се во својата област, јадење низ цела куќа и од едно парче леб правење кило трошки :D
Шољата што ја користев беше 200мл.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор-Сподели под исти услови