Брз десерт од детството. Меки, сочни и вкусни колачиња кои не одземаат многу време и се прават за само 10-на минути, бидејќи пудингот кој го користев не се вари, туку едноставно се миксира со млекото до негово згуснување.

Подготовка
1. Најпрво во длабок сад го миксираме пудингот со млекото (според упатството). Јас користев инстант пудинг кој се миксира со 300 мл млеко точно 3 минути.
2. Земаме едно чајно колаче и кратко го потопуваме во млекото. Врз него со мала лажичка ставаме од готовиот пудинг. Потоа земаме уште едно чајно колаче, кое го потопуваме кратко во млекото и го ставаме врз првото колаче со пудинг. Постапката е иста со останатите колачиња.
3. Вака приготвените колачиња ги валкаме во кокос и ги редиме во чинија.

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани