Мислам дека повеќето од вас веќе ги пробале овие уштипчиња од тесто и покрај тоа што се многу брзи и лесни за подготовка, навистина се и доста вкусни за јадење

1. Јајцата ги матиме со солта со миксер и го додаваме јогуртот

2. Го додаваме постепено и брашното измешано со прашокот за пециво и продолжуваме да матиме со миксерот додека не се соединат состојките

3. На крај го додаваме и ренданото сирење, промешуваме со лажица и оставаме смесата да одмори 30 минути

4. Во врело масло ставаме од смесата со лажица и пржиме на среден оган додека не поруменат, ги вадиме на хартија за да се одземи вишокот маснотија и послужуваме

*Кај мене температурата е од 1-9 и ги пржам на 6
*Количината за масло зависи од висината и ширината на тенџерето, јас во моево ставам толкава количина
*Лажицата постојано пред секое црпење од смесата ја ставате во чаша со ладна вода
*Одлично одат во прилог со ајварче и јогуртче хехе наздравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови