Уштипци
Содржината од Фант кесичката растворете ја во 150 мл вода. Кромидот изрендајте го со ренде. Магдоносот ситно исецкајте го. Измешајте ги сите состојки убаво и оставете ги половина до еден час време во фрижидер покриени со најлон фолија да одстојат и убаво да се спојат вкусовите.
Ставете малку масло во грил тавата и загрејте ја. Ако немате таква и обична брка работа, а ако имате можност за скара, уште поубаво. Кашкавалот исечете го на стапчиња со димензија 0,1Х2 см.
Со голема лажица земајте од смесата за уштипци и со навлажнети раце расплескајте ја овално. Ставете по едно стапче кашкавал и убаво завиткајте го од сите страни со месо. Формираме во овална форма уштипци. Малку сплескајте ги со рацете, но внимавајте на кашкавалот да не ѕирка и ставете ги во загреаната грил тава на умерен оган да се пржат.
Готовите уштипци одложете ги врз хартиена салфета и потоа послужете ги топли со некој сос и салата по ваша желба.
Лиценца: Сите права се задржани