Ова е поинаков рецепт од вообичаениот за руски капи, но кај нас дома е омилен. Кој го сака вкусот на оревот и чоколадото, овој рецепт ќе му биде исто така омилен.
Направете го тестото од потребните состојки, не месете многу, доволно е сето да се соедини. Исучете кора со дебелина од 1/2 цм и вадете форми со ракиена чашка. Наредете ги на плех покриен со хартија и печете ги 10 минути на 150 степени.
За филот, сварете ги оревите со млекото, ванилата и шеќерот и кога ќе се олади, измешајте ги со измиксаниот путер.
Лепете две по две колачиња, на средина со фил, а исто така премачкајте ги и одозгора со фил. Наросете ги со мелени ореви и ставете ги во кутија. Најдобри се ако отстојат два дена.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови