1. Ситно насечете ја киселата зелка
2. Ставете ја во касеролата, додајте малку од расолницата, поклопете ја се задушува додека омекне, додадете зејтин, толчен бибер и пржете ја.
3. Додека се пржи зелката излупете го копмирот, насечете на поголеми парчиња и ставете со сол да се вари. Исцедете од водата и изгмечето го, но не како за пире
4. Во тава испржете ја ситно сецканата сланина, во испржена додадете го згмечениот компир, лесно измешајте.
5. Во веќе испржената зелка додадете мелен црвен пипер и измешајте. Одделете од компирот 5-6 лажици и измешајте со зелката.
6. На зејтин лесто запржете ги домашните колбаси - не до крај.
6. Во подмачкано со зејтин тавче најпрвин ставете од измешаната зелка со компирот, врз неа само од компирот, а врз компирот ставете од колбасите заедно со зејтинот во кој се пржече.
7. Подпечете за кратко во рерната - самото допечување на колбасите значи дека јадењето е готово.
Забелешка
Ова можете да го спремате и обратно поставувајки прво да ставите компирот со сланината - врз него зелката и на крај колбасите - да се подпечи. Може да се слуши и засебно, зелката како додаток на варениот компир....

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани