Прекрасен рецепт за домашна пица.
Брашното просејте го и ставете во длабок сад.
Во средина направете дупка во која ќе го наросите сувиот квасец.
Млакото замлачете го и заедно со маслиновото масло и шеќерот додадете го во средината на брашното.
Од страните прснете малку сол.
Јајцето скршете го и додадете го во садот и замесете убаво меко тесто.
Млекото напоменувам дека треба да е топло за да може да развие убаво квасецот.
Оставете нека стаса тестото.
Откако ќе стаса тестото поделете го на толку топчиња колку што сакате да имате пици.
Усукајте ги и растегнете ги на намастен и набрашнет плех.
Премачкајте ги со доматна салца, па редете си по ваша желба.
Покрај овие состојки, јас фрлив и по некоја пушена сланина. Веднаш кршете го јајцето и наросете оригано. Печете на претходно вжештена рерна.

На здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови