Верди пица
Состојки
- За тесто
- 500 гр брашно
- 200 мл млеко
- 1 мало лажиче сув квасец
- 1 мало лажиче шеќер
- 8 големи лаици маслиново масло
- 1 јајце
- Фил
- 500 мл доматна слаца
- 250 гр кашкавал
- 250 гр колбаси пушени
- 250 гр вргањи печурки и шампињони
- 200 гр обескостени маслинки
- 2 гол лажици сусам
- 1лажица оригано
Подготовка
Прекрасен рецепт за домашна пица.
Брашното просејте го и ставете во длабок сад.
Во средина направете дупка во која ќе го наросите сувиот квасец.
Млакото замлачете го и заедно со маслиновото масло и шеќерот додадете го во средината на брашното.
Од страните прснете малку сол.
Јајцето скршете го и додадете го во садот и замесете убаво меко тесто.
Млекото напоменувам дека треба да е топло за да може да развие убаво квасецот.
Оставете нека стаса тестото.
Откако ќе стаса тестото поделете го на толку топчиња колку што сакате да имате пици.
Усукајте ги и растегнете ги на намастен и набрашнет плех.
Премачкајте ги со доматна салца, па редете си по ваша желба.
Покрај овие состојки, јас фрлив и по некоја пушена сланина. Веднаш кршете го јајцето и наросете оригано. Печете на претходно вжештена рерна.
На здравје