Вистинско задоволство е кога барајќи по старите рецепти на баба ти ќе најдеш некој брз и лесен рецепт погоден за секоја пригода. Новите рецепти се секогаш добредојдени, но оние проверените и традиционални секогаш ми ја топлат и разубавувааат домашната атмосфера.
Се матат јајцата и шеќерот како за пандишпан.
Се додава млекото, зејтинот, брашното и прашакот за пециво.
Кога се убаво ќе се соедини се додаваат оревите.
Се пече во малата ростер тава, во предходно загреана рерна на 200 степени, 25 минути.

Во касерола се ставаат водата и шеќерот да зовријат 5-6 минути се додава ванилата и какаото.
Тортата се остава да се излади и се попарува со топлиот шербет наросете со мелени ореви јас едната половина ја наросив со кокос едната со ореви. Пред парењето исечете си убави коцки или баклави по желба.
Добар апетит!!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани