Чоколадна Роденденска торта
Приготвување:
Во длабок сад матиме 10 белки со 8 лажици шеќер додека се добие цврст снег. Во него ги додаваме брашното, прашокот за пециво, маслото и едно растопено чоколадо. Матиме додека смесата не се соедини и потоа во тркалезно тавче(бр 28) го печеме тестото. Печиме уште две вакви теста.
Приготвување на филот: жолчките ги матиме, а настрана се бие маргаринот заедно со шеќерот во прав.Откако маргаринот ќе стане пенаст го додаваме во садот со жолчките заедно со претходно стопеното чоколадо со млеко на пареа. Убаво матиме се додека состојките се соединат. Откако ќе ги испечиме трите теста тортата се филова во следниот редослед: пандишпан, црн еурокрем, овошно полнило, чоколаден фил повторно пандишпан итн.Се филова по желба.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови