Њоки во сос од свежа буковка
Брз, лесен и многу вкусен оброк е мојот денешен предлог. Пробајте го
Подготовка:
1. На умерен оган ставаме тава, маслиново масло и ситно сецкан кромид. Пропржуваме 2,3 минути, па ја додаваме крупно сецканата буковка. Нека се пржи околу 8-10 минути, односно благо да почни да заруменува буковката. Сега додаваме павлака за готвење, сецкан кашкавал и зачини. Соединуваме
2. Во меѓувреме во тенџере ставаме вода да се загрее. Ги додаваме њоките и кога ќе испливаат на површината се готови. Со решетка лажица ги додаваме кај подготвениот сос со буковка, соединуваме, готвиме уште 1,2 минути и сервираме топли. По желба наросуваме буковец, пармезан, магдонос.
На здравје
Лиценца: Сите права се задржани