1
окт
2022
Њоки во сос од крем сирење
Подготовка
Во тава на оган ставете ја блитвата со малку вода.
Откако ќе омекне префрлете ја во чаша за блендирање заедно со водата која останала неиспарена.
Додајте го пармезанот и прстофат сол.
Изблендирајте со рачен блендер.
Салсата треба да биде погуста.
Во солена зовриена вода ставете ги њоките да се варат.
Во исто време во тава ставете да се растопат, крем сирењето, путерот и млекото.
Откако њоките ќе се сварат (готови се кога ќе излезат на површината на водата) исцедете ги и ставете ги во тавата со сосот.
Наросете повеќе црн бибер и измешајте.
Во чинија за сервирање ставете од њоките, одозгора нанесете од зелената салса и послужете.
Лиценца: Сите права се задржани