16
јун
2020
Њоки во бел сос
Многу убав оброк со превкусен сос.
Њоките ги вариме во вода која врие околу 2 минути.Јас користев купечки њоки,во недостаток на време да си направам домашни кои секогаш се поубави.На странава има одлични рецепти како да си направите домашни њоки.
Додека се варат њоките го подготвуваме сосот.
Ситно сецканиот кромид го запржуваме на маслиново масло,додека стане стаклест.Додаваме кратко варена брокула и кратко заедно запржуваме.Додаваме една лажица сенф и неутралната павлака.Ги додаваме њоките и оставаме на тивок оган неколку минути.Пред да се готови рендаме 150 гр гауда.Мешаме и сервираме топло.
На здравје!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови