Јуфки (стар рецепт за машинка )
Рецептот ќе го ставам во категорија Идеи. Оваа идеа за подготовка на јуфки на зима, па и пролет ја добив одамна, кога снемав јуфки во текот на зимата.
Сега ова време кога го минеме дома, решив да го искористам и да приготвам повторно.
Видов во моите 700 и повеќе рецепти никогаш не сум ставила подготовка на јуфки, реков нека стои тука еден рецепт и од мене.
Битно за овие јуфки е тестото да биде многу тврдо. Искрено рака боли додека да се замеси, но има зошто, многу се вкусни.
Од сите состојки се замесува трврдо тесто.
Го разделуваме на два дела за да може убаво да се изработи тестото.
Кога убаво е умесено, се сечкаат мали топчиња и се минат на машинката која прилагодена на број 2.
Значи одат подебели корички првиот пат.
Потоа истите тие корички ги расукуваме со машинката прилагодена на 7 број, која сука тенки корички.
Така усуканите корички се редат на сушалка за алишта или на чисти чаршави.
Се остава да се исушат добро, а потоа се собираат во сад каде што си чувате тестенини.Јас користам две сушалки,па под нив чаршав ставам и блиску допарното.
Ако е топло тогаш на сонце сушам.
На здравје со брзиов и мрзлив начин на подготовка на јуфки.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови