Јагнешко печење со згмечен путер компир
Подготовка:
1. Месото измијте го и исушете го со хартиена крпа. Во него направете неколку дупки и ставете во нив цели чешниња лук. Премачкајте го со сенфот од сите страни, посолете го со сув зачин и бибер и оставете го така, покриено, час-два. Ставете го во тавата во која ќе го печете, залијте го со виното и малку масло, покријте го и ставете го да се пече на 170 степени, отприлика 2,5 часа. Во текот на печењето превртете го неколку пати, убаво да се испече од сите страни. На крајот од печењето тргнете го капакот и продолжете со печењето се додека не добие убава, златна боја.
2. Одберете млади компири кои се приближно исти по големина и да се поситни. Компирите не ги лупете, убаво измиете ги и ставете ги да се варат дваесетина минути. Подгответе го путерот за премачкување. Во него ставете го лукот во прав, сувиот зачин и чадената црвена пипер. Компирите извадете ги од водата и наредете ги во тава која сте ја премачкале со путер. Згмечете ги убаво или со чаша или со алатка за пите. Со четче премачкајте го секој компир со путерот. Ставете ги да се печат на 200 степени околу 20 минути, извадете ги, превртете ги од другата страна, премачкајте ги со путерот и вратете ги на печење се додека не заруменат од сите страни, отприлика уште 20 минути.
3. Послужете со свежа салата.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Ubav rucek