Јагнешки слезинки
Вообичаено како сите изнутрици, ги мијам многу, потоа ги оставам во студена вода да одстојат, а на крај во млеко.
И повторно миење.
Откако се очистени од мирисот, ги засекувам малку и ги полнам со претходно подготвен фил од пржено младо кромидче со ориз, зачини, сол, црн бибер, сушен зеленчук, сушено нане што повеќе... Затварањето може да биде со чепкалка или да ги сошиете, како ви е полесно.
Ги редам во тавче да се печат, залиени со водичка и зејтинче, неколку моркови. Ако ви остане од филот, слободно ставете го и него во тавчето со морковите.
Најубаво е покриено да биде тавчето за побрзо да бидат готови, а на крај откријте за убава боја...
Ги сервирам со кисело млеко.
Ова е исто еден од специјалитетите во мојот крај.
Добар апетит !
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови