Штрудли
Подготовка:
1. Во длабок сад го ставаме брашното. Го додаваме путерот исечен на мали коцки, месиме со рака. Ги додаваме павлаката и маџунот, замесуваме тесто.
2. Дел од тестото го ставаме на најлонска фолија, врз тестото ставаме уште еден слој фолија и со помош на сукало го расукуваме тестото во дебелина од 3-4 мм. Рабовите ги израмнуваме со нож да се добие рамна правоаголна форма.
3. Во средината од тестото, по должина, ставаме рендани јаболка, наросуваме со цимет, ставаме од медот и мелени ореви. Доколку ви е полесно може претходно сите состојки за филот да ги измешате во еден сад и да филувате.
4. Делот од тестото каде што нема фил преклопуваме, ги притискаме краевите, со нож сечиме парчиња со големина од 4-5 цм. Ги ставаме на плех обложен со хартија за печење, печиме во загреана рерна на 180 степени, 25-30 минути.
Лиценца: Сите права се задржани