
Штангли со вишна и розен кори
За овие штангли користев кандирани вишни. Подготовката е следна:
Ги блендираме вишните и сокот од вишни во Нутрибулет, иако можете и со миксер истото да го направите. Потоа во еден подлабок сад ставаме млеко, шекер, густин, пудинг и блендираните вишни. Вариме додека смесата не се згусне. Го тргаме садот од оган, и додаваме путер. Мешаме додека не се поврзат состојките, внимавајте да не фати кора филот и да биде топол. Потоа ги премачкуваме обилно корите со филот, кора фил кора фил кора... Кога ке ја ставиме последната кора, одозгора ставаме фолија и некој средно тежок предмет. Оставаме така да отстојат во фрижидер 1 час, па ги сечеме на ленти и послужуваме.