Постојат многу рецепти за шпанска пита, но оваа излезе случајно, откако сфатив дека немам доволно брашно дома. Но резултатот излезе одличен, па ни влезе во листата на рецепти.
Прво ги матиме јајцата со солта. Кон тоа го додаваме маслото, киселата вода и јогуртот и полека измешани брашната со овесните снегулки и пецивото. Кон ова додаваме сечена печеница, изрендано сирење, изренданите кисели краставички, пармезанот и ајварот. Се заедно мешаме и го ставаме во подмалкан плех. Одозгора по желба ставаме семиња.
Се пече на 180 степени околу 35 минути.
Со какава чаша ќе го мерите брашното, со истата и течните состојки. Јас мерев со чаша од 200 милилитри.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови