Шпагети со сос од печурки
За брз, едноставен и вкусен ручек во текот на напорната работна недела, ви го предлагам овој рецепт за шпагети во богат, сочен сос со печурки, кој се подготвува без многу мака.
1. Кромидот го сецкаме ситно. Во загреана тава ставаме маслиново масло и путер, нека се загрее и го пропржуваме кромидот додека да омекне.
2. Потоа ги додаваме печурките (исецкани на потенки ленти). Пржиме додека да омекнат околу 5-10 минути.
3. На крај ја додаваме неутралната павлака, сол, црн бибер и малку пармезан (50- на гр). Мешаме да се соединат убаво вкусовите 2-3 минути.
4. Во меѓувреме во зовриена вода со сол ги ставаме шпагетите да се варат.
5. Сварените шпагети ги додаваме кај готовиот сос од печурки, промешуваме.
6. Сервираме топло, одозгора рендаме малку пармезан.
На здравје!
Лиценца: Сите права се задржани