1
мај
2014
Шпагети со печурки и пилешко
Во тава за пржење на тивок оган се пропржува ситно исецканиот пилешки стек. Во него се додаваат крупно сецканите печурки.
Се пропржува неколку минути се додека не биде готов стекот. Се додаваат солта и биберот по вкус и киселата павлака. По желба и малку магдонос. Во друг сад настрана се подготвуваат резанките според упатсвото.
Во чинија за сервирање најпрво се ставаат готовите резанки и врз нив се става подготвеното пилешко.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови