Шпагети во домашен доматен сос
Сварете ги шпагетите во врела и солена вода. Доматите бланширајте ги многу кратко во врела вода и излупете ги. Исечете ги на половина, извадете им ги семките и исечете ги на коцки. Во тенџерче за пржење ставете малку масло да се загрее. На загреаното масло ставете го кромидот да се пропржи и омекне. Потоа, додадете го лукчето. Ставете ги и доматите, измешате и додадете ги зачините. Се убаво измешајте и оставете неколку минути да се крчка. Сосот ставете го во блендер или измиксајте го со рачен миксер за да биде мазен сосот. Со готовиот сос прелијте ги претходно исцедените шпагети. Убаво измешајте. Од горе ставете фета или друго сирење, згмечено со раце (за подобро да изгледа на слика :))
Забелешка: Ако сосот ви е многу густ додека го подготвувате, ставете малку од водата во која се вареа шпагетите за да го разредите. Во сосот слободно може да додадете зачини по ваша желба, секако, да не се изгуби доминантниот вкус на домати.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови