24
апр
2013
Шарено рижото
Ситно исечкајте го кромидот и лукот. Ставете ги да се запржат на загрено масло во поголемо тавче или тенџерче. Пржете додека се застаклат.
Додајте го оризот-уште малку пропржете. Долејте ја провриената супа со водата. Посолете, побиберете.
Постојано мешајте додека се згусти и оризот се свари. Сега додајте го доматниот сос, претходно варениот грашок со ситно исеканиот морков и пропржените колабаси или сланина. Мешајте додека се соедни и оставете уште малку да се зугсти.Тргнете го од оган и сервирајте го топло.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови