Печурките ги цедиме од саламурата.
Потребни се цели печурчиња.
На маслиново масло ги запржуваме и ги зачинуваме.
Откако ги запрживме околу 10 минути на тивко, ги тргаме од шпоретот и оставаме да изладат.
Ја додаваме павлаката и промешуваме.
Зачинуваме со кари и копар.
Јас го служам како салата или како додаток на месо.
На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови