Шампита
За пандишпанот- Пенесто се матат жолтките со шеќерот. Потоа продолжувајќи со мешањето се додава водата.
Брашното се меша со прашокот за пециво и лажица по лажица се додава во пандишпанот и сето тоа убаво се меша.
Се пече во подмачкано и со брашно обложено тавче, на 200 степени околу 15-20 мин.
За филот- Се прави шербет од шеќерот водата и ванилите.
Белките се матат во цврст снег и се додава лажиче по лажиче од шеќерот во прав.
Потоа со постојано мешање се додава постепено од топлиот шербет. и се мати додека да се олади филот.
Се става филот врз тортата и се поросува со цимет, какао или рендана чоколада.
Се става во фрижидер да се стегне и тортата да впие од филот.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
и да завршиме со загатката: ВО КОЈА СЛАТКАРНИЦА РАБОТИШ ТИ? :) :) :) :)