Чорба со печурки
Уште едно чорбесто јадење што многу често е на нашата трпеза. Одлично во било кој период од годината. Трпи измени, па така може да биде и без месо или со телешко или пилешко по желба.
1. Прво направете ја смесата за ќофтенцата. Kромидот, лукчето, сенфот и зачините ставете ги во блендер и блендирајте додека се добие убава смеса. Додадете ја кон месото, додадете го и зејтинот и промешајте убаво за да се изедначи. По потреба додадете и брашно за да може да се формираат ќофтињата, па оставете ја смесата на страна.
2. Кромидот ставете го во сад на оган со зејтин да се пржи. Кога ќе омекне доадете го протиснатото лукче и оставете уште кратко да се пропржат. Потоа додадете ги морковите, промешајте и оставете малку да омекнат. Печурките исечкајте ги на листови, па додадете ги во тенџерето. По желба може да додадете и 1 лажица сенф. Додадете ги и зачините (сол, бибер, мешан зачин и ловоров лист) и оставете на тивко печурките да испуштат течност и да продинстаат. Потоа додадете вода онолку колку сметате дека е доволно и оставете на тивко да се вари 30тина минути.
3. По половина час спремете ја запршката и додадете ја во чорбата. Веднаш потоа додавајте ги и претходно формираните ќофтенца. Оставете да се вари 15-20 мин, додадете го ситно сецканиот магдонос и исклучете. Послужете топло.
Добар апетит =)
Лиценца: Сите права се задржани