10
јул
2015
Чорба од зелка
Пролетна лесна чорба.
Кромидот се сецка заедно со целерот, морковот и пиперките и се запржува. Се додаваат и колбасите и се додава и сецканиот купус. Кај нас обично оди сецкан на покрупни парчиња, а вие по желба. Се пропржува и купусот со останатиот зарзават и се налева со вода. Кон чорбата се додава ловоровиот лист и кимот(за подобро варење ). Се покира со капак и се вари на потивко. Кон крај се додаваат зачини-сол, мешаниот сув зачин,бибер,сенфот и црвен пипер по желба. Оваа чорба ја користиме за прочистување на цревата и затоа не и ставам додатоци за згуснување, а вие се разбира по ваш вкус.
Лиценца: Сите права се задржани