1.Со миксер измешајте ги маргаринот,шеќер,ванилин шеќер,две жолчки и една белка.Потоа додадете брашно, прашак за пециво и исмесете го тестото со раце.
2.Така измесеното тесто ставете го во ќеса или растеглива фолија и ставете го во фрижидер околу 30-40 минути.
3.Одкако ке одстои во фрижидер исукајте го тестото некаде околу 1/2 см па од таквата кора вадете форми во форма на срце, па на едната половина од срцето намачкајте со останата една белка па одозгора наросете од сецканите лешници и ставете ги во плех на кој е претходно ставена хартија за печење.
4. Печете ги на некаде околу 10-на минути на 200 степени
5. Одкако ке се испечат макајте ги срцињата на едната половина со претходно стопеното чоколадо.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани