1. Корите од портокалите се сецкаат на парчиња
2. Се варат во вода да зовријат
3. Се истура водата, се мијат и повторно се варат, но овој пат во водата се става 1 лажиче сода за да ги неутрализира токсините кои ги содржат( колку што е можно), но најдобро е ако можете да набавите не прскани портокали
4. Постапката се повторува уште 3 пати
5. Се цедат и се блендираат
6.На оган во тенџере се ставаат малку да издинстаат, да испари течноста, па потоа се додава шеќерот. Се пржат се додека шеќерот не се истопи и малку да се карамелизира, но постојано да се мешаат да не запечи
7. Во топлата смеса се додава белото чоколадо искршено на помали парчиња за целосно да се истопи, па се додаваат мелените бадеми
8. Филот се остава целосно да излади

Темното чоколадо се топи со маслото и се премачкуваат калапите 2 пати. После секое премачкување се ставаат во фрижидер да се здрви чоколадото. Со филот се полнат калапите и повторно се премачкуваат со чоколадото да се затворат. Се ставаат во фрижидер да се здрват, а потоа срцињата се вадат од калапите и се декорираат. На средината на срцата се става по едно лажиче бело чоколадо, а врз него по една кандирана цреша.

Вака подготвените кори од портоклаи можете да ги користите во секаков вид на десерти каде сакате да добиете природен вкус на портокали во замена на вештачки ароми.
Ако ви е премногу интензивен вкусот на портокалите можете да ја намалите количината на портокали, а да се зголеми количината на бело чоколадо.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови