Чоколадни Рум Пралини
Брзи за подготовка, а превкусни за јадење. Пробајте ги.
1. Чоколадото, еурокремот и маслото ги топиме на пареа, тргаме настрана и ги додаваме мелените ореви.
2. Во мал сад ги ставаме шеќерот во прав, мелените ореви и додаваме малку по малку рум екстракт, и притоа со рацете ја стискаме смесата да стане компактна и да се соедини убаво за да може да се формираат мали бомбици. Формираме за оваа доза 20на бомбици. Дел од нив ги сплеснав во форма на паричка, и така направив различен изглед од истите состојки.
3. Во книжни каписли (од најмалите) ставаме две мали лажички од чоколадната смеса, па ја ставаме бомбичката, а врз неа шараме со чоколадо. Другиот начин на правење е следен - во книжната каписла ставаме 1 мало лажиче од чоколадната смеса, па ја ставаме сплесканата рум бомбица и покриваме со уште 1 мало лажиче од чоколадната смеса. Одозгора ставаме шарени мрвици.
4. Ги оставаме на ладно да се здрви смесата, па послужуваме.
На здравје!
Лиценца: Сите права се задржани