Премногу вкусни колачиња.
Ако сакате посна варијанта, сменете, наместо путер, ставете маргарин. Благодарение на мојата пријателка Кристина, денеска имаме преубав рецепт.
Путерот (маргаринот) заедно со темното чоколадо ставете да се растопи.
Откако смесата е растопена, додајте го медот и шеќерот.
Промешајте.
Сувото грозје исецкајте го напомали делчиња.
Оревите не морате многу да ги ситните,исецкајте ги на пола само.
Смешајте ги заедно со интегралните житарки и додадете ги во смесата од растопено чоколадо.
Промешајте благо, да се соединат сте состојки.
Полнете во хартиени корпици и оставете да се стврднат.
Најдобро е да се полнат од најмалите корпици.
Јас наполнив и мали и поголеми, а вие одлучете како сакате да изгледаат вашите кошнички.
На здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови