Подготовка
Издвојте ги жолчките од јајцата и измешајте ги заедно со шеќерот во поголем сад. На оган стопете ги чоколадото и маргаринот и потоа сипете ги во садот со жолчките. Пополека и мешајќи, додадете ги и брашното и прашокот за печиво. Белките од јајцата изматете ги и додадете ги како последна состојка. Смесата исипете ја во тава и печете 20 минути на температура од 180 Целзиусови степени. Повремено проверувајте, за да не ви изгори.
Фил
Слатката павлака, чоколадото загревајте ги на тивок оган и повремено мешајте. Кога состојките ќе се соединат тргнете го садот од оган. Печениот пандишпан избоцкајте го со виљушка на неколку места и додека е сè уште топол, посипете го со кремот. Кремот иако ќе биде поредок не треба дополнително да се меша или нешто да му се додава. Најпрво оставете го колачот да се да се излади на собна температура, а отпосле ставете го во фрижидер за да се стегне кремот. Откако десертот убаво ќе се стегне, исечете го на коцки филувајте го со слатка павлака наросете какао.На секое колаче ставете по една лажичка малина.
Уживајте!!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани