За викенди, особено на почеток на ладниот период како сега, сакам да се почастам со нешто убаво и гламурозно, како оваа чоколадна торта. Без посебна причина. А секогаш кога помислувам на чоколаден крем, тогаш во прв план ми е темното чоколадо на Алпико од Кам, од 200 грама. Така прекрасна структура им дава на кремастите десерти, што му нема рамно. Сега, да ви ја претставам чоколадната торта со која се сладевме овој викенд.
Подготовка

1. Јајцата се матат со шеќерот и ванилата, да запенат . Се додаваат прво течните, а потоа и сувите состојки за кора, па се мати убаво, да се изедначи се.
2. Смесата се истура во правоаголна тава, на пек хартија и се пече во загреана рерна на 180 степени, целзиусови околу 20 минути. Се вади од рерна и се остава да се излади.
3. За кремот, во тенџере ставете ги млекото и шеќерот измешани да се загреат. Потоа додадете го чоколадото, искршено, ванилата, какаото и една лажица од маргаринот. Мешајте на тивок оган, додека смесата да згусне и да се изедначи. Потоа тргнете на страна, нека се лади кремот.
4. Кората сечете ја на две еднакви половини. Шлагот изматете го со газирана вода. Откако кремот е сосема изладен, додадете го цел маргарин и изматете со миксерот, за да добиете поцврста структура на крем.
5. Наредете: првиот дел од кората, попрскајте со капучиното, па чоколаден крем, па шлаг, па вториот дел кора, па чоколаден крем, па шлаг. Декорирајте по желба.

Добар апетит.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови