Преубава торта која за својот основен дел, пандишпанот, не бара миксер.

1. Во сад промешајте ги брашното, шеќерот, пецивото, какаото,содата, солта и кафето.
Мешајте така добро со жица се да се соедини.

2. Во друг сад помешајте ги млекото, маслото, јајцата, ванилата и топлата вода.
Постепено додавајте од смесата со брашното.
По ваша желба или печете во едно тавче па пресечете на два дела или разделете го тестото во две тави.
Јас печев во калап во вид на срце.
Тестото е меко и течно па морате да печете на потивко, подолго.

3. Додека се пече спремајте го филот.
Во тенџере се растопува шеќерот со овошјето.
Се врие убаво и добиената смеса се процедува од семките.
Мене и не ми пречеа искрено не ги прецедив.
Желатинот го ставив да набабри со неколку лажици вода.

4. Пудингот го вариме со млекото, и кога е варен го тргаме од оган. Му додаваме бело чоколадо и две лажици путер.
Смесата ја префрламе во стаклен сад, па ја покриваме со најлонска фолија. Оставаме да излади скрос.

5. Во друг сад ги матиме шлаг кремовите со млеко. Кога е готов и цврст кремот го исклучуваме миксерот. Сите состојки кога се изладени почнуваме да ги соединуваме. Прво со миксер го матиме уште еднаш пудингот. Го додоваме изматениот шлаг крем. Желатинот го растопуваме на тивко, па го додваме и него во смесата, а на крај го помешуваме со смесата од овошјето. Оставаме да излади убаво филот па филуваме. Ставаме еден ред пандишпан, па ред фил. Додаваме шеќерни целуфки па ставаме пак пандишпан. Повторно редиме шлаг. Декорираме со шеќерни целуфки, шлаг и свежо шумско овошје.
Тортата е преубава. Нека отстои малку во фрижидер, па тогаш ќе го вкусите нејзиниот вистински вкус.
На здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови