Чоколадна баклава
1. Прво ги мелам оревите, бисквитите и го рендам чоколадото, потоа додавам 100гр. шеќер и сето тоа го мешам заедно.
2. Настрана на оган го топам маргаринот. Во друг сад ја ставам киселата вода, пецивото и 5 лажици од стопениот маргарин за премачкување на корите.
3. Обично во пакување од 500гр. кори има по 15 кори и во зависност од големината на тавчето јас си ги редев по 3 една врз друга. Ставам кора ја попрскувам со киселата вода, повторно кора па пак попрскувам со киселата вода, кора па пак попрскувам со киселата вода и во горниот дел ставам фил и виткам ролат.
4. Така наредената тепсија со готова баклава ја сечам прво, па врз нејзе ја истурам преостаната смеса со кисела вода и преостанатиот растопен маргарин. Така спремната баклава ја ставам на печење во претходно загреана рерна на 200° да се пече 30-40мин. во зависност како ви пече рерната. Откако ќе се испече баклавата ја оставам да се излади убаво јас најчесто ако ја печам на пладне навечер ја потопувам со шербет.
5. На оган ставам 1 литар вода и 800гр. шеќер да зоврие и пред да биде готов шербетот додадам ванилин шеќер. Ја посипувам баклавата со жешкиот шербет и ја оставам да отстои една ноќ и следниот ден може да се проба.
Добар апетит
Лиценца: Сите права се задржани