Еве уште една посна чоколадна баклава. Мене ми се допадна, па еве ќе ја споделам.
Во едно паковање од 500 гр кори има 18 парчиња.
Јас користев кило кори значи околу 36 парчиња.
Секое парче се изработува на следен начин.
Се распостила кората.
Се попрскува до пола со мешавина од масло и маргарин.
Се додава филот од ореви и бисквити.
Внимателно превиткуваме повторно на половина.
Постапката ја повторуваме и на оваа половина.
Пак превиткуваме на половина.
И овој пат филуваме исто и роламе до крај.
Сечеме на онолку парчиња колку сакате да ви бидат големи.
Редиме во намастена тава.
Печеме колку да поруменат корите.
Оставаме да истинат, па попаруваме со претходно варениот шербет.
Вака спреманата баклава ја оставаме да отстои 24 часа да впие убаво шербетот.

Ја спремаме глазурата
4 чоколада за готвење ги топиме со 60 гр маргарин и 3 лажици зејтин.
Кога глазурата е доволно течна, земаме едно по едно парче и ги потопуваме.
Редиме на решетка да се зацврсти чоколадата  и да истече се што е повеќе.
Чоколадната баклава е готова.
На здравје

Забелешка
Јас наместо 500 гр мелени ореви, измешав 400 гр ореви и 100 гр лешници.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови