Чоколаден тарт со јагоди
Вкусот на чоколадо и јаготки споени во овој едноставен ама навистина вкусен тарт. Се подготвува на следниот начин
1. Во сад се мешаат брашното, какаото, шеќерот и прстофат сол. Им се додава путерот и се меша со раце за да се направат ронки. Се додава јајцето и се поврзува тестото. Се остава во фрижидер околу ½ час да одмори.
2. За кремот се мешаат жолчките, шеќерот и брашното па им се додава млекото малку по малку со постојано мешање за да не се направат грутчиња. Садот се става на тивок оган и се вари додека не се добие густ крем. Се трга од оган, се додава ванилата и сецканото чоколадо и се меша за да се стопи убаво.
3. Тестото се вади од фрижидер и се расукува во формата на садот за тарт (мојот е правоаголен 35-11см.) . Се боцка со вилушка и се става во загреана рерна на 180Ц да се пече и тоа 15 мин. покриено со хартија за печење и 10-15 мин. без хартијата. Кога печете првите 15 мин. врз хартијата за печење ставете нешто потешко како на пр. зрна грав, леќа за да се задржи обликот на тартот при печењето.
4. Испеченото тесто се остава да се олади, се вади од калапот и се филува со 1-2 лажици марамалад од јагоди па кремот од чоколадо.
5. Одозгора се нанесуваат целите јагоди и се украсува со растопено бело чоколадо и карамел. Карамелот се подготвува така што се растопува шеќерот на оган и потоа со лажичка се нанесува врз тартот.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови