Подготовка:

1.Замесете меко тесто од состојќите за тестото, замотајте го во стреч фолија и оставете фо 3-4 часа во фрижидер.
2. За солениот карамел, шеќерот додајте го во тава, на тивок оган, додека не зарумени, потоа додадете му ја топлата павлака и матете ја сместа, додека е на оганот, со жица за матење, неколку минути. Остранете го карамелот од оган и додадете ја солта и путерот. Мешајте го жицата за матење додека смесата не стане хомогена.Оставете да се олади.
3. За ганашот од чоколадо загрејте ја павлаката на оган, кога ќе почне да врие додадете го сецканото чоколадо и матете со жица, додека смесата не стане хомогена. Остранете ја од оганот и оставете ја да се олади.
4. Намастете и набрашнете тава за печење со дијаметар од 22 см. Од тестото расукајте кора во дебелина од 3 мм, нанесете ја кората во тавата за печење, избоцкајте ја кората насекаде со вилушка, отстранете го вишокот тесто со нож и печете ја во загреана рерна, на 175 степени околу 15 минути. Потоа оставете ја да се олади.
5. Во оладената кора нанесете го солениот карамел и ставете ги во замрзнувач околу еден час. По еден час извадете ја од замрзнувач и нанесете го ганашот од чоколадот, вратете ја во замрзнувач уште еден час. До послужување тартот може да го чувате во фрижидер, а пред служење, декорирајте го со матена слатка павлака и бисквити, кои јас претходно ги направив од остатоците од тестото за тартот, ги печев 5 минути во загреана рерна на 180 степени.

Среќни празници.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани