Аквафабата или уште попозната како веганска белка е всушност водата во која се варат мешунки, најчесто користена и најдобро се покажала водата од наут. Аквафаба името го добила од латинските зборови, аква што значи вода и фаба што значи грав. Аквафабата кога ќе се измати со миксер е како матена белка од јајце. Содржи многу мало количество на калории, протеини, јаглехидрати и маснотии. Одлична замена за оние кои што не конзумираат јајца или се алергични на нив.
Подготовката на овој мус е со аквафаба од купен наут од тегла.

Подготовка:

1. Во длабок сад ги ставаме аквафабата и лимоновиот сок. Матиме со миксер на најголема брзина околу 5 минути. Го додаваме медот, матиме уште 6-7 минути, додека не се добие пенеста, бела смеса. Оставаме на страна додека да го подготвиме другиот дел.

2. Темното чоколадо го топиме во сад над пареа.

3. Во друг длабок сад ги ставаме кокосовиот крем, какаото и рум аромата. Мешаме со жица за матење да се соединат состојките. Го додаваме стопеното темно чоколадо, промешуваме. Проверете дали смесата е топла, доколку е, почекајте да се излади 5-6 минути. Во изладената смеса додаваме дел по дел од изматената аквафаба и со лажица нежно мешаме да се соединат состојките.

4. Чоколадниот мус го ставаме во неколку мали чаши и го оставаме во фрижидер 2-3 часа да се стегне. Послужуваме со овошје по желба.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани