На тивок оган ставете ја павлаката, маргаринот, чоколадото и какаото да се стопи и соедини. Тргнете го и оставете го да се олади, да биди млако. Оревите и бадемите потпечете ги малку, исецкајте ги и ставете ги во смесата. Додајте ги ванилите, па истолчените бисквити. Кога ќе се олади, на алу-фолија формирајте облик на салама, завиткајте ја и ставете ја во фрижидер да се стегне. Кога ќе биде готова, извадете ја фолијата а саламата испрпелајте ја во прав шеќер.

Лиценца: Сите права се задржани